
Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс вети уште 250 милиони долари за поевтина и попристапна вакцина за ковид-19.
Поединечлната најголема донација досега доаѓа откако Гејтс веќе даде 70 милиони долари во ноември. Со најновата донација, фондацијата за борба против пандемијата донираше вкупно 1,75 милијарди долари.
– Дали светот ќе стане подобро место за живеење на сите луѓе зависи од тоа што ќе сторат светските лидери за да направат тестови, лекови и вакцини достапни за оние на кои им се потребни – наведе фондацијата.
Парите ќе послужат вакцините и тестовите да се испорачуваат и во средно развиени земји.