Инцидент во Финска -зголемена радијација од нуклеарна централа

Финанската агенција за нуклеарна безбедност (СТУК) објави дека нивото на радијација во нуклеарната централа Олкилуото на западот на земјата е зголемено, но дека ситуацијата е под контрола и дека не излегува зрачење.

„Нема индикации за истекување на гориво во инцидентот и сега нема повеќе загрижувачки нивоа на радијација во електраната“, соопшти СТУК за медиумите.

СТУК тврди дека зголемувањето на нивото на зрачење било забележано околу 13 часот по локално време, пренесува Ројтерс.

„Ова е значаен и исклучителен инцидент и сметаме дека е важно да обезбедиме точни информации за него“, рече финскиот министер за здравство и социјални работи Аино-Каиса Пеконен.

Регистрираното повисоко ниво дошло од просторија што бележи високи нивоа на радијација и при нормално работење, и никој вработен во електраната не бил изложен, додаде финскиот министер.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека СТУК го известила за инцидентот и ќе обезбеди повеќе информации.

Електраната „Олкилуото 2“, со капацитет од 890 мегавати, била затворена до саботата, објави компанијата ТВО што управува со неа.