
„1. Дали Министерството за одбрана набавило униформа од Врање, од фирма на земја која не е НАТО членка, како што се гледа на сликата?
2. Колку народни пари се дадени на странската фирма и доколку се дадени, зошто тие пари не се дадени на некоја наша, македонска фирма што произведува униформи?
3. Како е можно во период на корона криза, стагнација на економијата (веќе и рецесија), масовни отпуштања, народните пари да не се реинвестираат во домашната економија, туку се инвестираат во економија на странска држава? Ова посебно имајќи во предвид дека во Македонија можеби не можеме да произведеме вселенска технологија, но барем униформи можеме да си произведеме нели?“, прашува Ковачи, кој на овој начин навестува афера во МО.
https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/214076770216455