
Времето во четврток во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во источните делови каде на места ќе бидат и поројни.
По одделни котлини има појава на утринска магла, а во продолжение на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура се движи од 3 до 8, а дневната од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде претежно облачно. Има појава на утринска магла, а утринската температура се спушти до 4. Дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.
Во следниот период ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во почетокот на наредната седмица времето ќе се стабилизира, но ќе дува засилен северен ветер.