
Паоло Роси, италијанскиот фудбалски херој од освоенотo Светско првенство во 1982 година, почина во 64 година од животот, а веста за неговата смрт дојде во моментите додека фудбалскиот свет сѐ уште тагува по аргентинската икона Диего Армандо Марадона, кој почина кон крајот на ноември.
Италијанскиот телевизиски канал RAI Sport, со кој Роси соработуваше, соопшти во четвртокот дека „Паблито“ починал од „неизлечива болест“. „Многу тажна вест: Паоло Рози нѐ напушти“, објави на Twitter водителот на телевизијата, Енрико Вариале.
„Незаборавниот Паблито, вокој се вљубивме во тоа лето 1982 година и кој последните години беше драговен и компетентен колега“ во RAI, додаде Вариале.
Смртта на Роси ја потврди за другите италијански медиуми и неговата сопруга Федерија Капелети, а се огласи и на Instagram.
Роси со Јувентус освои две титули во Серија А, еден Европски купи и една титула во италијанскиот национален куп, но најмногу запаметен ќе остане по шесте погодоци кои ги постигна на Светското првенство во 1982 година во Шпанија.
Неговиот избор во националната селекција на почетокот беше критикуван од фудбалските стручњаци, кои го отпишаа и оценија дека не е во форма, но останаа без зборови кога оствари прекрасен „хет-трик“ против силнито Бразил.
Победата на Италија со 3:2 во ова големо дерби во втората групна фаза, обезбди место во полуфиналето против Полска. Роси со два погодока ги потопи Полјаците, а потоа го постигна првиот погодок за Италија во победата од 3:1 против тогашната Западна Германија, што на Италија ѝ ја донесе третата титула светски првак и прва по 1938 година.
Роси ја освои Златната копачка како најдобар стрелец, и Златната топка како најдобар играч на ова светско првенство.
Роден во Прато, во Тоскана, Роси целата клупска кариера ја одира во Италија. Беше казнет со три години неиграње во 1980 година, поради учество во скандалот околу местење натпревари „Тотонеро“, но секогаш негираше дека сторил недела.
Забраната му беше намалена на две години, што и му овозможи да се врати во италијанската репрезентација и да настапи на шампионатот во Шпанија, кога се впиша во историјата на Светските првенства.
Роси постигна и три погодока на претходното светско првенство во 1978 година во Аргентина. Така, со вкупно девет голови е најдобар стрелец на Италија на Светските прванства, заедно со Роберто Баџо и Кристијан Виери.