
Азербејџан одржа воена парада за одбележување на прогласената победа на земјата над Ерменија во неодамнешната војна за отцепениот регион Нагорно-Карабах, која заврши со примирје со посредство на Москва.
Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, клучен сојузник во конфликтот ја предводеа парадата посветена на она што во Азербејџан официјално е опишано како „победа во патриотската војна“, што се одржа на централниот плоштад во Баку.
Ердоган за време на парадата рече дека борбата на Азербејџан со Ерменија не е завршена и ја поздрави „славната победа“ на Баку во војната.