
И покрај вчерашните врнежи, нивоата на реките во земјава не бележат поголеми промени. И натаму сите се под просекот за декември, освен Крива Река кај Крива Паланка.
Денешните хидролошки мерења дури покажуваат и снижување на Вардар кај Јегуновце и кај Демир Капија во однос на вчера. Кај останатите реки има благо покачување.
Се уште драстично пониски од декемврискиот просек се Треска кај Македонски Брод и Сатеска кај Ботун.
Состојбата со езерата не е променета. Дојранското и натаму е над просекот за декември, а Охридското и Преспанското се под декемврискиот просек.