Заврши процесот против Саркози, пресудата во март

Процесот против поранешниот француски претседател Николас Саркози заврши во четвртокот навечер, а судот ќе ја објави својата одлука на 1-ви март 2021 година.

Завршните зборови во процесот во четвртокот ја имаше одбраната на второбвинетиот, адвокатот на поранешниот претседател Тиери Ерцог и на поранешниот судија Жилбер Азибер.

„Оваа афера за мене е Крстниот пат, но доколку тоа е цената на доаѓањето до вистината, подготвен сум да ја прифатам. Ви ја зборував вистината во текот на овие три седмици, како и во притворот и во текот на истрагата. Сѐ уште верувам во правосудството во нашата земја“, изјави Николас Саркози пред крајот на сослушувањето.

Обвинителството бара четири години затвор, од кои две условно, за поранешниот претседател на Франција, обвинет за корупција и злоупотреба на функцијата. Исти казни се побарани и за Азибер и за Ерцог, со пет години забрана за професионален ангажман за Ерцог.

Шеесет и петгодишниот Саркози се повлече од политиката по поразот на предизборите за претседателски кандидат на десницата во 2016 година. Станува збор за првиот случај од неколкуте истраги кои се водат против него кој беше на чело на Франција меѓу 2007 и 2012 година.

Во случајот познат какоа „Афера на прислушувањата“, обвинителството наведува дека Саркози и неговиот адвокат Ерцог се обиделе да ги подмитат судијата Азибер да им предаде тајни податоци од издвоена истрага против поранешниот француски челник. За возврат, Саркози наводно му понудил на Азебер да му обезбеди вносна работа на Азурниот берг.

Саркози е цел на низа правни истраги, од наводите дека егзекутираниот либиски водач Моамер Гадафи недозволено ја финансирал неговата претседателска кампања во 2007 година, до промање наводно мито од продажба на оружје на Пакистан.