26 лица починаа од Ковид-19, најмладиот има 30 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 1.161 нови случаи на ковид-19, а починале 26 пациенти.
Направени 3.114 тестирања

Во Скопје има 410, Куманово 54, Дебар 19, Штип 54, Прилеп 59, Тетово 58, Струга 25, Велес 55, Битола 75, Охрид 51, Кавадарци 55, Гостивар 38, Гевгелија 38, Струмица 27, Крива Паланка 10, Радовиш 14, Крушево 1, Кочани 28, Пробиштип 7, Демир Хисар 3, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 1, Валандово 5, Виница 2, Делчево 5, Кратово 3, Свети Николе 18, Кичево 12, Ресен 7, Неготино 24.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти: од Скопје 295, Куманово 34, Дебар 4, Штип 20, Прилеп 49, Тетово 45, Струга 25, Велес 29, Битола 62, Охрид 33, Кавадарци 18, Гостивар 41, Гевгелија 15, Струмица 22, Крива Паланка 8, Радовиш 3, Крушево 3, Кочани 14, Пробиштип- , Демир Хисар 2, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 4, Виница 4, Кратово 1, Свети Николе 7, Кичево 14, Ресен 16 и Неготино 19.

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72.044, бројката на оздравени пациенти е 48.170, на починати е 2.077, а бројот на активни случаи изнесува 21797. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 31101,  активни 11152

• Куманово 4207, активни 661
• Дебар 545, активни 151
• Штип 3018, активни 489
• Прилеп 3574, активни 927
• Тетово 4331, активни 1010
• Струга 1724, активни 421
• Велес 2392, активни 693
• Битола 2589, активни 901
• Охрид 1973, активни 579
• Кавадарци 1614, активни 603
• Гостивар 3020, активни 876
• Гевгелија 912, активни 280 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1966, активни 560
• Крива Паланка 515, активни 133
• Радовиш 507, активни 132
• Крушево 150, активни 72
• Кочани 1402, активни 256
• Пробиштип 399, активни 70
• Демир Хисар 217, активни 54
• Македонски Брод 193, активни 35
• Пехчево 115, активни 20
• Берово 441, активни 100
• Валандово 246, активни 54
• Виница 411, активни 121
• Делчево 583, активни 273 (164 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 171, активни 29
• Свети Николе 964, активни 212
• Кичево 1422, активни 380
• Ресен 549, активни 187
• Неготино 793, активни 366 (120 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.114 теста се преку: ИЈЗ 937, ЦЈЗ Скопје 57,  Авицена 268, Биотек 208, МАНУ 186,  Жан Митрев (Филип Втори) 210, Систина со PCR метода 157, лабораторија Лаор 39, Судска медицина 9, ЦЈЗ Битола 77, Инфективна клиника 5, ГАК 11, Синлаб 29, Ремедика 25, лабораторија болница Козле 19, ЈЗУ (рапид тест) 875, УК Пулмологија со алергологија 2, лаборатории од странство 0. Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на ковид -19.