Бајден и Харис прогласени за „Личност на годината“ на магазинот Time

Новоизбраните американски претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во четвртиот заедно се прогласени за „Личност на година“ во изборот на списанието Time, иако е нејасно поради кои заслуги, од листата на финалисти на која се наоѓаше и актуелниот претседател Доналд Трамп.

Поранешните демократски потпретседател и сенаторката од Калифорнија, „со чиј избор се надминати половите и расни“ пречки, заедно „во едно гласачко ливче понудија подобро“, пишува во образложението Time, во најавата објавена онлајн.

„И Америка го купи она што го продаваа: по најголемиот број глаачи кои во еден век излегоа на избори, собраа 81 милион гласови и сѐ уште се брои, најмногу во претседателската историја, победувајќи го Трамп за околу седум милиони гласови и правејќи пресврт на резултатот во петте традиционално неизвесни држави“, пишува Time.

Доналд Трамп, 45-от американски претседател кој исто така само поради изборната победа во 2016 година стана „Личност на годината“ на Time, беше меѓу тројцата други финалисти кои се натпреваруваа оваа година, додава списанието.

Другите двајца финалисти, и во двата случаи станува збор за групи, биле здравствените работници кои се справуваа со пандемијата на Covid-19, и учесниците во движењето за расна правда која настана на 25-ти мај по полициското убиствот на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Личност на годината вообичаено е поединец, но имало случаи во минатото кога признанието го добиле повеќе луѓе. Според списанието, тутулата ја добива оној „кој влијаел најмногу на историјата и нашите животи, било на подобро било на полошо“.

Со оваа традиција Time започнал во 1927 година. Минатата година тинејџерката Грета Тунберг како активистка против климатските промени стана најмладата поединечна добитничка на ова признание.

Покрај личност на годината, Time ја прогласи корејската поп-група BTS за „Забавувач на годината“ а кошаркарската ѕвезда Леброн Џејмс за „Спортист на годината“.

Поединците и фналисите во различните категории беа прогласени во четвртокот ноќта во специјалната ударна програма на теелвизиската мрежа NBC.