
Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел оцени дека маратонскиот Самит на Европска Унија, што во Брисел траеше непрекинато 20 часа, донел големи чекори за ЕУ во многу области.
– Ова беше важен состанок на крајот на невообичаената година во која сѐ се смени. Овој Европски совет беше можност да покажеме дека можеме да работиме заедно на мирен и самоуверен начин и да се осигураме дека ЕУ ќе се врати на добар пат – посочи Мишел.
Тој му се заблагодарти на германската канцеларка Ангела Меркел за нејзините заложби да дојде до имплеменатација на повеќегодишната заедничка финансиска рамка, што ќе и помогне на ЕУ да ги надмина последиците предизвикани од пандемијата со ковид-19.
– Сега кога ЕУ сега имаме буџет и фонд за обнова и можеме да ја спорведеме зелената и дигитална транзиција, да ги поддржиме фирмите и граѓаните врз кои ковид-19 влијаеше како голем шок- истакна Мишел.
Тој како следен чекор го најави обезбедувањето на рамномерна дистрибуција на вакцината ширум Европа и во светот.
Претсдатлот на ЕС како најважен дел на Самитот на ЕУ ги посочи преговорите за климата.
– Намалувањето на емисиите на штетни гасови за 55 проценти до 2030 година е кредибилна цел, која на ЕУ и ја дава водечката улога во светот во заштита на климата – посочи Мишел.
Тој ги повика и другите држави да се приклучат кон иницијативата.
Мишел се осврна и на односите помеѓу ЕУ и САД, истакнувајќи оти целта е да се развие сеопфатно „амбициозно сојузништво“ со пријателската земја, со која делат исти принципи и вредности.
Додека односите со Турција ги оцени како „комплицирано прашање“ каде се бранат европските геополитички интереси.
– Имавме две опции, ја проценивме ситуацијата и ги гледате заклучоците – посочи Мишел.