
Повеќе од десет лица одржувале контакти со руските дипломати обвинети во Холандија за шпионажа и протерани од земјата, изјави во четвртокот вечерта челникот на холандското разузнавање Ерик Акербом во интервју за радиото Nieuws en Co.
„Имаме повеќе од десет потврдени случаи на прилично блиски контакти, при што во некои од нив слушнавме и видовме дека се предаваат информации и пари“, изјави Акербом.
Појасни дека следењето на дипломатите и новните информатори во Холандија било спроведувано подолг временски период.
„Долго време не откривамве инфромации за да се осигуриме дека точно разбираме што се случува. Дури вчера и денеска се поврзамвме со компаниите и изворите“, додаде Акербом.
Претходно холандското министерство за внатрешни работи објави дека спречило активности на двајца „офицери“ на руската Служба за надворешно разузнавање, акредитирани како дипломати на руската амбасада.
Во соопштението кое го пренесоа агенциите, објавено на веб-страницата на минситерството, се тврди дека еден од дипломатите создал широка мрежа од контакти и имал пристап до информации од областа на високата технологија, особено во сферите како што се вештачката интелигенција, полупроводниците и нанотехнологијата. Вториот разузнавач наводно имал споредна илога. Двајцата се прогласени за перосона-нон-грата и мора да ја напуштат Холандија во орд од две седмици.
Според холандската Служба за разузнавање и безбедност (AIVD), еден од изворите бил странец и исто така мора да ја напушти земјата. За другите лица инволвирани во овој случај засега не е јасно кои чекори ќе бидат преземени.
Контактирањето со странски разузнавачки служби самото посебе не се смета за кривично дело во Холандија, меѓутоа обелоденувањето државни, службени или комерцијални доверливи работи се смета за престап. Засега холандското разузнавање не открива дали споменатите контакти се јавуваат и како извори на таквите информации.
„Во моментов се обидуваме да утврдиме точно какви податоци биле предавани, за да го утврдиме обемот на штетата. Доколку информациите се украдени од компании коишто развиваат уникатни производи, штетата моќе да биде многу голема, и не само за копанијата, туку за целата економија и за националната безбедност“, додаде Акербом.
Додаде дека ошетените компании паралелно спроведуваат сопствени истраги со цел да откријат кои информации биле изнесени и да ја проценат големината на предизвиканата штета. Доколку станува збор за кражба на државни, службени или деловни тајни, тогаш имаат право да се обратат до обвинитеството.
Руската амбасада во Хаг потврди дека двајца нејзини дипломати се прогласени за непожелни личности во Холандија.
„Истовремено не беа презентирани никави докази за нивни незаконско дејствување на територијата на кралството“, се наведува во изјавата за медиумите на руската дипломатска мисија, додавајќи дека Москва ќе преземе адекватни мерки.