
Времето во Македонија во петокот ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд кои на места ќе бидат и пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се движи од минус 3 до 3, а дневната од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје и околинатаденеска ќе биде променливо облачно со утринска слаба магла, а попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Утринската температура се спушти до нула, а дневната ќе достигне до 10 Целзиусови степени.
Во наредниот период претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.