Русковска: СЈО го урна Катица Јанева, никој друг

СЈО не го урна никој друг, освен Катица Јанева, вели обвинителката Вилма Русковска во интервју на Канал 5 негирајќи дека случајот „Рекет“ бил креиран за да се урне СЈО и предметот „Империја“.

– Ако Катица се однесуваше како што треба, СЈО уште ќе постоеше. Ништо не е наштетено на случајот „Империја“. Предметот е даден на вештачање. Вештите лица сега ги вештачат доказите. Нема изгледи тој случај да застари. Перењето пари не застарува. Катица одговара затоа што земала пари за пуштање од притвор и после земала и други пари. За никого не можете да кажете дека е криминалец , додека нема правосилна пресуда – рече Русковска.