Уште една руска вакцина која ќе биде ефикасна против којбило вид Ковид 19 – направена на посебен начин

Фабриката „Медсинтез“ од од Свердловската област прави своја вакцина против вирусот корона „Урал“, која ќе биде ефикасна во борба против било кој вид Ковид 19, па дури и оние кои може да се појават во иднина, изјави претседателот на Управниот одбор на „Медсинтез“, Александар Петров.

„Земен е во обзир еволутивниот процес на вирусот, вакцината е направена на посебен начин. Тоа е целосно нова технологија, значи станува збор за иновативна вакцина“, рекол во четвртокот Петров, истакнувајќи дека вакцината треба да биде хепоалергена.

Според нео, вакцината е добиена по методот на генетички инженеринг и за нејзино производство не е потребен вирусен патоген и други компоненти и елемнети, поврзани со инфективниот патоген, пренесува Спутнник.

Петров додава дека во тек се предклинички испитувања на вакцината „Урал“ врз глувци, после што „Медсинтез“ ќе почне со клинички испитувања.

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температури од +2 до +8 степени во течен облик, што го поедноставува процесот на транспорт.

Во август Министерството за здравство на Русија регистрираше прва вакцина на светот за превенција од Ковид 19, која ја разви Научно-истражувачкиот центар „Гамалеј“, потсетува Спутник.