
Во Словенија во последните 24 часа со 6.453 тестови потврдени се 1.813 нови случаи на зараза со коронавирусот, а починале 49 лица од компликации предизвикани од Covid-19, објави во петокот словенечката влада, а граѓаните очекуваат продолжување на мерките потполно затворање и следната седмица.
Според последните податоци, позитивни на коронавирусот биле 28,09 отсто што е и натаму висок удел на позитивните во тестираните, како и бројот на новозаразените.
Поради ваквите показатели, рестриктивните мерки донесени кон крајот на октомври, кои вклучуваат и „затворање“ во општинските граници, полицискиот час и забраната за собирање надвор од семејниот круг и другите мерки, ќе бидат продолжени и во следната седмица. Формалната одлука за тоа владата ќе ја донесе во сабота, на состанок со епидемиолозите и претставниците на јавното здравство, а ќе се сретне и со претствниците на стопанството кои бараат делумно „отворање“ и се противат на заострувањето на мерките.
Пополнетоста на болничките капацитето во словеничките болници со ковид-пациенти и натаму е висока, поголема од мерилата кои ги постави владата на ткн „семафор“ за можното укинување на ретриктивните мерки.
Според овие критериуми, за да почне укинувањето на мерките или да се ублажат постојните, пропишано е дека бројот на хоспитализираните не смее да биде повисок од 1.200, а просечниот број на нови зарази во една седмица мора да падне на најмалки 1.350 лица.
Од болницете во последното деноноќие се отпуштени 113 пациенти, а во моментов се хоспитализирани 1.268 пациенти со Covid-19, десет повеќе отколку во четвртокот. Бројот на потешките случаи на одделите за интензивна нега се зголемил од вчерашните 189 на 196, објави министерството за здравство.
Во последните 24 часа починале уште 49 пациенти со Covid-19, па вкупниот број починати од почетокот на епидемијата е зголеми на 1.998 лица.
Инфектологот Бојана Беович, која го води експертскиот владин тим за коронавирусот, отфрли некои од критиките на сметка на владата во врска со соодветноста на епидемиолошките мерки и нивната ефикасност во сузбивањето на епидемијата и предупреди дека подобрувањето на сега тешката ситуација многу зависат од дисциплината на граѓаните при применувањето на сите мерки.
„Мерките и нивната ефикасност од нивното дејство не се зависни само од експертите во владиниот тим или од валдата, туку од многу фактори“, истакна Беович во разговоро за новиот број на љибљанскиот неделник Mladina.