
Дистрибутери кои веќе се вклучени во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини ќе ги чуваат и вакцините за ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.
Оттаму информираат дека министерот Венко Филипче денеска ги посетил овие дистрибутери и нивните ладни соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство.
Тој се информирал и за тоа како на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за ковид-19, кога ќе пристигне во нашата земја.
Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините.