
Родителите на стотици киднапирани нигериски момчиња се собраа во средното училиште во југозападната држава Кацини, молејќи ги властите да ги спасат.
Повеќе од 300 ученици од Државното училиште за момчиња Канкара биле киднапирани во петокот вечерта и сè уште не се пронајдени. „Нема да застанеме сè додека ова не се реши“, рече портпаролот на државната влада Абдул Лабаран, додавајќи дека високи воени и разузнавачки служби вршат претрес. 321 момче се водат за исчезнати.
Лабаран верува дека некои можеби отишле дома во други држави. Сите државни училишта во Кацина се затворени затоа што властите не ги знаат мотивите на напаѓачите.
17-годишниот Јахаја за Ројтерс изјави дека им избегал на киднаперите во саботата, додека тие ги пренесувале киднапираните момчиња на други локации во шумата.
Разбојничките напади се вообичаени во северозападна Нигерија. Тие напаѓаат цивили, крадат или земаат заложници за откуп.