Едноставен лек против опаѓање на косата препорачуваат научниците

Екстрат од црвена детелина може да го запре опаѓањето на коста, пренесува интернет изданиет Express повикувајќи се на истражување на група британски научници.

Стручњаците селектирале 30 мажи кои страдале од ќелавост и им препорачале редовно да нанесуваат на скалпот 5 процентен екстрат од црвена детелина.

По четиримесечен третман, кај 13 отсто од волонтерите бил забележан раст на косата, а кај 29 отсто намалување на опаѓањето на косата.

Во други експеримент со истата цел биле вклучени 109 жени во периодот на менопауза. Според изјавите на испитаничките, користењето на споменатиот екстрат во текот на 90 дена значително ја подобрило структурата, изгледот и целокупниот квалитет на нивната коса.

Научниците забележуваат дека и покрај очигледниот позитивен ефект, потребно е да се консултира матичниот лекар пред да се почено со користењето на екстрактот.