ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија се губат животи без некој да одговара, правдата на Заев е неправда за народот

Денеска Советот на јавни обвинители, со одлуката со која ја потврдува одлуката и работата на ЈО за случајот со сообраќајката кај Млечен, во кој загина
еден човек, а извршителот е казнет само со условна казна, покажа дека целиот правосуден систем е под стегите на Заев и дека неговата правда е неправда за народот, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Советот на јавни обвинители не зема за сходно да ги провери наводите на жртвата, сопругата на починатиот, и го одоброволи селективниот пристап во
постапката, во која не се прибрани докази за губитокот на плодот на сопругата на починатиот, ниту пак тоа дека извршителот избегал од местото на настанот без да пружи помош, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот на јавни обвинители уште еднаш покажа дека нема правда додека Заев е на чело на државата. Правниот систем е трул, а владеењето на правото не познат поим. Со Заев во Македонија нема правда, туку неправда за народот, додаваат од таму.