
Босанскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и хрватскиот член, кој во тоа тело е избран со босански гласови, Жељко Комшиќ, одлучија да го бојкотираат состанокот со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Рускиот министер за надворешни работи втор ден е во посета на БиХ, а за денеска беше планирана средба со трочленото претседателство на БиХ.
Како што пренесува Кликс.ба, најпрво хрватскиот член на Претседателството, Жељко Комчиќ одбил да се сретне со Лавров. Која е причината за тоа не е познато, а Комшиќ најавил прес-конференција на која ќе ги каже деталите.