
Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, преку својата официјална Фејсбук страница сподели видео обраќање во врска со лидерската средба од која што Зоран Заев бега.
„Станува секому јасно дека Зоран Заев бега од проблемите што ги мачат граѓаните а кој што тој и влада која што ја предводи ги создаваат. Ниту почит ниту грижа има за нив, вели во своето обраќање лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава:
-Факт е дека има проблеми со економијата која е во рецесија. Исто така факт е дека има проблеми со ковид здравствената криза. До вчера славеа по рестораните и оддржуваа избори, денес воведуваат рестриктивни мерки.
Исто така факт е дека има проблеми со Бугарија, која што впрочем го докажува ветото кое го заработија.
Најпосле факт е дека Заев има проблем со владата, внатре во самата влада со коалициските партнери, но исто така и внатре во неговата партија. А најголем факт е дека владата е најголем проблем. И затоа треба токму за овие теми да разговараме на лидерска средба, затоа што одговорно е, и граѓаните очекуваат ние да најдеме решение за проблемите кои што постојат.
Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за се и сешто менува ставови. Што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми.
Менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите кои ги споменав постојат.
Сосема на крај гледам нервозно, со навреди и лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал.
Сосема на крај сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине“, рече Мицкоски.