
Американскиот технолошки гигант „Apple“ најви важан иновација на својот модел паметен часовник, која е достапна во верзиите iOS 14.3 и watchOS 7.2, а којашто ќе може да ја одредува кардио-издржливоста на корисникот.
Корисниците на продуктите на „Apple“, сега може да ги проверуваат своите лични показатели за отчукувањата на срцето во апликацијата за здравје на iPhone. А покрај тоа, Apple Watch сега ќе ги известува доколку нивните кардиоваскуларни перформанси се ниски и ќе даде препораки за тоа како да се подобрат.
За мерење на кардиолошките податоци уредот користи оптички сензории за срцевиот ритам, GPS, акцелометар и други сензори.
Паметниот часовник, исто така, ја следи и метриката при одењето во текот на целиот ден, без оглед на тоа дали корисникот вежба. Тоа е особено полезно за корисниците кои не можат интензивно да вежбаат.