Харден дебитираше во победата на Рокитс над Спарс

Џејмс Харден го одигра својот прв натпревар за тимот на Хјустон Рокитс во претсезоната во НВА лигата и постигна 12 поени во домашната победа од 112:98 над Сан Антонио Спарс.

Најдобри стрелци кај победниците беа Џон Вол и Бен Меклемор со по 15 поени. За Спарс, Лони Вокер постигна 17 коша, а Деџонте Мареј додаде 13.

Сакраменто Кингс беа домаќини на Голден Стејт Вориорс и победија со 114:113, а победничката „тројка“ со звукот на сирената ја погоди 23-годишниот плејмејкер Кајл Џозег Гај кој со 20 коша беше и најдобар стрелец кај Кингс. Вориорс ги предводеше повратникот Стив Кари со 29 поени.

Домашна победа оствари и Филаделфија 76ерс совладувајќи ги Бостон Селтикс со 108:99. Шејк Милтон беше најдобар стрелец кај 76ерс со 19 коша, а Џоел Ембидд додаде 18. Кај Селтикс најдобар беше Џеф Тиг со 18 поени.