
Во дербито од 13-то коло, но и од досегашниот дел на англиското фудбалско првенство, Ливерпул на својот „Енфилд“ со 2:1 го победи Тотенхем со погодок во последната минута од регуларниот дел и од лондонскиот тим го презема водството на табелата.
Тотенхем во досегашниот дел од првенството се претстави како еден од најсериозните кандидатот за шампионската титула, но актуелниот првак Ливерпул со победата во дербито покажа дека нема намера лесно да ја предаде.
Натпреварот на „Енфилд“ ги оправда очекувањата, Ливерпул доминираше, но победата можеше да му припадне и на Тотехнем. Домапните заслужено поведоа во 26 минута со голот на Мохамед Салах. Египетскиот напаѓач шутираше, топката го погоди Алдервирелд и во голем лак го сувлада Уго Љорис, за 11-от погодок на Салах оваа сезона.
По погодокот „Редси“ продолжија со притисокот на гостинската половоина и кога се чинеше дека ќе го удвојат водството, во 33 минута една брза контра во израмнување ја претвори Кореецот Сон Хуенг-Мин, за кого исто така ова беше 11-от гол сезонава.
Во 63 минута „Спарс“ изведоа уште еден брз противнапа, но Бергвијн ја погоди стативата, а десет минути подоцна на другата страна истото го стори и Садио Мане. И кога се чинеше дека нема да има победник, Ливерпул дојде до победа, откако Робертсон нафрли од коренер а Роберто Фирмињо со глава поентираше за 2:1.
Со оваа победа Ливерпул се одвои на врвот на табелата со 28 бодови, три повеќе од Тотенхем, односно четири пред третопласираниот Саутемптон.
Во претходно одиграниот натпревар, фудбалерите на Арсенал ја продолжија серија без победи на шест натпревари со ред, откако на домашен терен одиграа 1:1 против Саутемптон.
Иронично звучи тоа што за еден од најтрофејните англиски клубови, во еден од најслабите стартувања на сезоната во четири децении, сепак ова претставува успех –по трите последователни порази.
Саутемптон поведе во 18 минута со погодокот на Тео Волкот, а „Топчиите“ израмнија во 52 минтуа со голот на Пјер-Емерик Обамејанг за кого ова беше првиот првенствен погодок на стадионот „Емирејтс“ по 648 минути пост. Само десет минути подоцна Арсенал остана со играч помалку, откако беше исклучен Габриел Магаљеш.
Саутемптон е на третата позиција со 24 бодови, а Арсенал е 15-ти со само 14 бодови, само пет повеќе од зоната на испаѓање од лигата.
Евертин направи мало изненадување, откако на гостински терен Лестер Сити со 2:0. Стрелци на головите беа Ричарлисон во 21 и Мејсон Холгејт во 72 минута.
Лестер со домашниот пораз освен што ја пропуштија можноста со пбеда барем на неколку часа да го преземат врвот на табелата, сега паднаа четвртокот место со 24 бодови. Евертон, пак, со триумфот сега е само бод зад Лестер и е на петтото место, последното кое директно води во Лига Европа.
Во одличниот натпревар Лидс го совлада Њукасл со 5:2, иако гостите водеа со 1:0 и имаа 2:2, но домашните успеаја да направат голем пресврт.
Стрелци за домашните беа Патрик Бамфорд во 35, Родриго во 61, Стјуарт Далас во 77, а во 85 минута својот прв погодок во Премиер лигата го постигна македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски. Петтиот погодок за Лидс го постигна Џек Харисон во 88 минута, а за Њукасл стрелци беа Џеф Хенрдик во 26 и Ккарен Кларк во 65 минута.
Лидс Јунајтед со новите три бода го мина Њукасл Јунајтед на табелата со подобара гол разлика, и двата клуба со по 17 бодови се на 13-то односно 14-то место на табелата.
Во дуелот од доното Фулам и Брајтон одиграа без голови. Фулам сега е има 9 бодови но остана на 17-то место, едно над зоната на испаѓање, а Брајтон е место над него со два бодови повеќе.
Без победник но со резултат 1:1 одиграа и Цест Хем Јунајтед и Кристал Палас. Гостите поведоа во 34 минута преку Кристијан Бентеке, а за домашните израмни Себастиен Халер во 55 минута. Кристал Палас во 70 минута остана со играч помалку, откако од игра беше исклучен стрелецот на погодокот Бентеке.
Вест Хем Јунајтед со 21 бод остана на седмата позиција на табелата а Кристал Палас е 12-ти со 18 бодови.
Во четвртокот колото ќе го затворат дуелите Астон Вила – Барнли и Шефилд Јунајтед – Манчестер Јунајтед.