Неодамна објавив дека вицепремиерот за европска работи Никола Димитров јавно се фалел дека тој бил пречката поради којашто премиерот Зоран Заев не потпишал договор со Бугарија којшто ќе значи прифаќање на сите бугарски позиции на штета на Македонија. Притоа, за мене и едниот и другиот се исти, но очигледно Димитров во битка за личен рејтинг сакал себеси да се прикаже како заштитник на македонските национални интереси, а Заев да го прикаже како предавник, и минаа два дена а нема директен демант ниту од еден од двајцата, изјави во средата на прес-конференцијата во Собранието, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Опозицискиот политичар додаде дека не сака да навлегува во нивните лични односи, но почсои дека тоа самото тоа покажува дека има „огромен скандал“ односно дека премиерот Заев бил подготвен да потпише поништување на самобитноста на македонскиот народ, да потпише бришење на македонската историја, самобитноста на македонскиот јазик и дека единствената причина поради којашто тоа не го направи е притисокот од јавноста и народот кој што излезе на улиците во македонските градови и села и му се спротивстави на оваа работа.
„И за втората работа што ја отворив а немаме никаква реакција до денес, е тоа дека Зоран Заев незадоволен од работата на оваа историска комисија затоа што не му потпишува сѐ што ќе посака и сѐ што ветил во однос на Бугарија, активно работи на дискредитирање на нивните членови со цел промена на историската комисија којашто е во надлежност на Министерството за надворешни работи и формирање на нова историска комисија која што ќе потпише под политички диктат се она што Зоран Заев ќе побара. До денес, немаме никаков демант на ова и јавно предупредувам дека следи подготовка за следна национална катастрофа“, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи и дека, исто така, сѐ уште нема одговор на изјавата во која пред неколку дена и партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Хритијан Мицкоски во која јавно посведочи дека бугарскиот премиерот Бојко Борисов му кажал дека Заев има ветувано работи со цел да ја добие неговата поддршка.
„Јас јавно прашав дали тие концесии се купувањето на една телевизија, купување на една банка, државни акции во еден телекомуникациски оператор, како и оптички кабел во една голема државна компанија преку која што може да се врши проток на интернет, проток на телефонски сигнал, но исто така и други субверзивни активности и конечно еден рудник, а тоа гледаме дека е рудникот Иловица кој што магично откако се смени сопственикот и од доминантитен сопственик од канадска компанија, станаа бугарски олигарси, наеднаш еве почнува да добива дозвола за работа. Најавувам дека во следниот период ќе објавиме конкретни работи и документи за оваа работа. Овие работи покажуваат дека Зоран Заев е подготвен за нова национална катастрофа и уривање на сите позиции кои што македонската држава и македонскиот народ макотрпно ги градел во децениите наназад. Очекуваме одговори на сите овие прашања коишто до денес ги немаме. Ова покажува дека се подготвени да тргуваат со се’ и е причина плус, мотив плус, ден поскоро, час поскоро да заминат и да поднесат оставка“, заклучи Николоски.