
Сидикатот на словенечките лекари апелираше во вторникот вечерта до надлежните државни органи на континуираните „закани и навреди“ против нивните колеги епидемиолози и инфектолози, коишто најдиреткно се справуваат со епидемијата на коронавирусот.
„Шокирани сем од заканите и навредите кои се упатени кон нашите колеги, тоа станува сериозно и загрижувачки“, наведе во соопштението за јавнсота синдикатот на лекарите и стопатолозите Fides.
Синдикатот ги повика надлежнитеинституции да реагираат на ваквите појави, бидејќи неговите членови се згрозени, како што наведуваат, и од тоа што на ваквите напади досега речиси и да немало реакции од политичарите или од невладините организации и другите активистички здруженија.
„Такво нешто не смее да се толерира ниту сега, ниту во иднина, а за сето тоа ќе ја извесиме и Европската федерација на вработените лекари“, се наведува во соопштението на синдикатот.
Словенечката полиција потврди дека неодамна примила повеќе пријави поради сомневање во сторени кривични дела „закана за безбедноста и животот на поединци“, епидемиолози и членови на владиниот стручен медицински тим за борба со епидемијата на коронавирусот, и оти е покрената истрага по нив.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, во некои градови неодмана се појавиле летоци, односно постери на коишто владините епидемиолозии и инфектолизи се нарекуваат „убијци на словенечкиот народ“, а поединечни закани добиле и главниот инфектолог Бојана Беович, директорот на Институтот за јавно здравје Милан Крек и уште некои видни експерти.
Истовремено, вкупно 156 лекари концесионери од приватниот сектор поднесоа колективна пријава поради навреда и клевета против парламентарен пратеник на партијата Левица, според член од кривичниот законик за „поттикнување и разгорување омраза, насилство, односно нетолераност“.
Пратеникот лекарите од приватниот сектор, на кои со неодманешните законски измени им беше дозволено да се вклучат во напорите на системот на јавното здравство во борбата со коронавирусот, ги нарече „надриклекари“ чијашто цел е само да си ги наполнат џебовите.