
Токиските власти соопштија дека товарот врз здравствениот систем се должи на зголемувањето на бројот на пациенти со Ковид-19, поради што предупредувањето за медицинска подготвеност е поместено на највисоко – четврто ниво, додека денеска е потврден најголемиот број нови случаи од пандемијата.
На состанокот на кризниот штаб, на кој присуствуваше и градоначалничката Јурико Коике, здравствениот службеник рече дека станало крајно тешко да се балансира помеѓу лекување на пациенти заразени со коронавирус и лекување други пациенти, поради што за првпат е издадено највисоко предупредување за медицинска подготвеност.
Во Токио денеска беа потврдени 800 нови случаи на Ковид-19, најмногу од почетокот на пандемијата. Пред еден месец градските власти го подигнаа предупредувањето поради бројот на новозаболени лица на највисоко ниво.