
Приватната болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од ковид-19, соопшти болницата.
Вчера на Фејсбук страницата на болницата осамна објава во која се вели дека медицинскиот персонал е подготвен да им помогне на дечињата кои имаат ковид-19 со бесплатно лекување на третманот.
Д-р Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија и супспецијалист по детска кардиохирургија, оваа информација ја потврди на својот Твитер профил.
Тој напиша дека целиот детски тим кој брои повеќе од 200 членови, е спремен да им помогне,
Досега само болницата Козле, од средина на месец јуни, функционираше како Центар во кој се лекуваат деца и пациенти со ковид-19.