
Рускиот систем С-400 претставува закана за безбедноста на војската и воената технологија на САД, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео пред неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
Според Помпео, руските системи, кои ги купила Турција, ќе и овозможат, исто така, пристап на Русија до турските вооружени сили и нејзината одбранбена индустрија.
Државниот секретар на САД побарал од Чавушоглу да го реши проблемот со С-400 на начин кој е согласно „нашата децениска историја во одбранбениот сектор“. Тој, исто така, ја повика земјата да се посвети на обврските на НАТО за набавување оружје, кое е интероперативно.
Истовремено, Помпео уверува дека целта на санкциите на Вашингтон е да се спречи Русија да добие „значителни приходи“, а не да се поткопуваат воените капацитети на Турција или нејзината борбена готовност.