
Српската Агенција за лекови и медицински средаства (АЛИМС), во петокот даде согласноста за вакцината против коронавирусот на американско-германскиата соработка на „Pfizer/BioNTech“, пренесуваат белградските електронски медиуми.
Србија веќе претходно нарача 340.000 дози од споменатата вакцина, а во тек е и испитувањето на руската вакцина „Спутник V“, од којашто 20 дози на почетокот од декември стасаа во Белград на лабораториско испитување, а се чела и регистрирање на кинеската вакцина „Sinovac“.
Водечкиот кинески производител на вакцини „Sinofarm“ поднесе барање за лиценца и одобрување до здравственитете власти на 26-ти ноември, откако во јули двете вакцини од оваа компанија беа одобрени за итна употреба за здравствените работници и други групи изложени на висок ризик од зараза со коронавирусот.
Компаниите „Pfizer/ BioNTech“ на 2-ри декември им предале на српските здравствени власти докумантацијата неоходна за тестирање, регистрирање и потврда за безбедноста на вакцината за да добие одобрување за користење и увоз.
Пo денешната објава дека спрскиот АЛИМС дал согласност за увоз „Pfizer/ BioNTech“ засега нема официјални најави кога би можело да започне увозот на порачените 340.000 дози.