
Во Јужноафриканската Република откриен е нови сој на коронавирусот со кој се заразуваат и помалдите лица, со што моќе да се толкува брзото ширње на заразата во вториот бран, изјави во петокот вечерта тамошниот министер за здравство.
Јужноафриканските експерти го идентификувале овој „сој 501.V2“ од вирусот и за тоа ја известиле Светската здравствена организација (СЗО – WHO), се наведува во писмената изјава на јужноафриканскиот минитер за здравство Звелини Мкхизе.
„Забележале дека посебниот сој преовладува во резултатите во последните два месеца“, додава министерот.
Покрај тоа, јужноафриканските лекари заележале дека се менува и епидемиолошката слика и дека има сѐ повеќе млади пациенти без коморбидитетот кои развиваат тешка форма на болеста.
„Сѐ упатива на тоа дека овој нов сој е носител на вториот бран низ кој минуваме“, додава министерот за здравство.
Тим јужноафрикански научници предводен од професорот Тулио де Оливеира ги споделил своите забележувања со научната заедница. Во светот и претходно беа откриени и пријавено разни мутации на новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Јужноафриканската Република, официјално најтешко погодената земја на африканскиот континент во пандемијата на коронавирусот, во поетокот вечерта извести за нови 24.285 смртни исходи и повеќе од 900.00 заразени од почетокот на епидемијата, од кои 8.700 нови коронаинфекции во последните 24 ласа. Во пикот во текот на првиот бран во јули имаше и до 12.000 новозаразени на дневно ниво.