
Во првиот меч од 14-то коло на шпанското фудбалско првенство Атлетик Билбао на својот стадион ја совлада Уеска со 2:0 со головите постигнати во самиот финиш од дуелот.
Кенан Кодро во 86 минута со погодок од пенал ги доведе Баските во водство, а поради прекршокот кој му претходеше на најстрогата казна, Хорхе Пулидо го заработи втоиор жолт картон, поради што мораше да го напушти теренот. Домашните до крајот на натпреварот ја искористија бројната предност за уште еден погодол, а го постигна Унаи Нунез во втората минута од судиското продолжение.
Атлетико Билбао со 17 бодови моментално е на 9-то место на табелата, а Уеска со 11 бодови е на последното место во Ла Лига.
Во сабота на распоред се дуелите: Атлетико Мадрид – Елче, Барселона – Валенсија, Леванте – Реал Сосиедад, Осасина – Вилјареал и Севилја – Вајадолид.
Во недела, пак, ќе играат Селта Виго – Алавес, Гранада – Реал Бетис, Кадиз – Хетафе и Еибар – Реал Мадрид.