
Италијанската влада објави во петокот вечерта дека земјата ќе биде „затворена“ за католичките божикни и за новогодишните празници, откако здравствените експерти предупредија дека сѐ уште е висок ризикот од епидемијата на коронавирусот.
Владата прифати рестриктивни мерки коишто важата за ткн „црвени зони“: изолација на населението во неговите домови кои може да ги напуштаат само кога одат на работа, од здравствени причини и во итни случаи, а се затвораат и најголем дел од продавниците.
Мерките ќе бидат на сила од 24-ти до 27-ми декември, од 31-ви декември до 3-ти јануари и на 5-ти и 6-ти јануари, соошти италијанскиот премиер Џузепе Конте по седницата на неговата влада.
Построгите мерки се воведуваат поради тоа што „нашите стручњаци стравуваат дека кривата на заразеноста би можела остро да порасне во текот на Божик“, изјави Конте за медиумите.
Малку се поблаги мерките за „портокаловите зони“, каде што на населението му е дозволено движење во градовите каде граѓаните имаат престој, а продавниците се отворени освен баровите и рестроаните. Мерките ќе бидат применувани од 28-ми до 30-ти декември и на 4-ти јануари.
Конте, исто така, вети и нов пакет економска помош во износ од 645 милиони евра за баровите и за рестораните кои ќе бидат погодени со новите мерки за затворање.