Италијанскиот Сенат даде одобрување за ублажување на миграциските прописи

Италијанскиот Сенат ја одобри во петокот вечерта безбедносната уредба со којашто се отвора патот за укинување на миграциските реформи кои ги спроведуваше поранешниот вицепремиер и министер а внатрешни работи а сегашен лидер на десната опозиција, Матео Салвини.

Само два пратеника се спротиставија на уредбата на гласањето во петокот, коешто следеше по тепачката во четвртокот во којашто сенаторите од различните политички табори мораа да бидат раздвоени од обезбедувањето на италијанскиот парламент.

Службената новинска агенција ANSA извести дека тепачката следела откако сенаторите од десната партија Лоига имале приговори на постпаката на гласањето во горниот дом на парламентот.

Инаку, новите прописи предвидуваат намалување на паричните казни за невладините организации чиишто бродови без дозвола на властите влегле во италијанските територијални води, од половина милион евра на 10.000 до 50.000 евра.

Се отежнува и постапката за одбивање на мигрантите на кои ќе се процени дека им е потребна заштита, а се зацврстуваат мерки за борба против трговија со наркотиците.

Салвини антимиграциските законо ги спроведуваше во 2018 и 2019 година. Премиерот Џузепе Конте, кој дојде на должноста како предлог на порано евроскептичното Движење пет ѕвезди, вети дека ќе ги повлече мерките откако Лига ја напушти коалициската влада, а левичарската Демократска партија го зазема нејзиното место во владата.