Променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 14 степени

Времето во Македонија во саботата ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по котлините со магла или значителна ниска облачност која попладне ќе се намалува.

Минималната температура  во интервал од минус 2 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на магла и ниска облачност кои попладне ќе се намалуваат. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 Целзиусови степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со умерена до значителна облачност најизразена во недела и понеделник, по котлините и понатаму ќе има појава на магла.