
На територија на државата вчера биле санкционирани вкупно 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи за возење под дејство на алкохол, информира МВР.
Исто така, санкционирани се и 446 други прекршоци.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.