
Народната вели кој краде тој и лаже, а народните поговорки никогаш не се далеку од вистината. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов има склучено договор за консултации со адвокатското друштво на адвокатот Петре Шилегов, за сума од 50.000 денари месечно, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Тоа што градоначалникот Шилегов денеска не го кажа е дека е констатиран судир на интереси од ДКСК. Оттука, прашуваме зошто е констатиран судир на интереси и што всушност е основа за корупција, односно криминал, ако е така како што вели Шилегов односно дека е се чисто? Подобро Шилегов да размисли за уште една прес конференција за утре, бидејќи јас за утре најавувам дека ќе бидат презентирани документи за овој констатиран судир на интереси од страна на Антикорупциската комисија“, истакна Стоилковски.