
Кристијано Роналдо во саботата постигна нови два гола за Јувентус, кој славеше со 4:0 против Парма, со кои португалскиот фудбалер го изедначи рекордот на Омар Сивори од 1961 година.
Роналдо стана петиот играч кој постигнал најмалку 32 погодоци во Серија А во една календарска година. Ѕвездата на Јувентус може да го подобри овој рекорд, бидејќи до крајот на 2020 година му остана уште еден првенствен меч.
Постигнувањето на Роналдо е уште поголемо ако се знаед дека до бројката од 32 гола дојде по само 28 одиграни натпревари во Серија А во 2020 година.