
Езерата се доведени до раб на пресушување. Зоран Заев заради краткорочен профит е на пат да го уништи целиот биосвет како во вештачките акумулации, така и во Преспанското и Охридското езеро. реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Хидроакумулациите ширум државата се речеси десеткувани. Купишта риба е исфрлена по бреговите.
Траорна е сликата и со Преспанското езеро, кое се повеќе наликува на мучуриште, 1 година апелираме власта да интервенира, а на Заев сега му текна за наводна помош од 80 милиони денари. Не само 80 милиони денари сега заради вашата неспособност се потребни многу повеќе од тоа, но потребен е и план и систематски пристап.
Заев не доведе во ситуација од земја со високо ниво на хидро потенцијал да кубуриме со вода.
Повикувам на одговорност. Некој мора да преземе одговорност“ – порачува тој!