
Избор на втор јазик, со можност за избор да се учи и Албански јазик, како и спортско рекреативни предмети кои вклучуваат вежбање на пилатес и јога, се предвидува во новата Концепцијата за основно образование која ја презентираше Министерството за образование, пренесува мкд.мк.
Според податоците на Министерството за образование и наука, во земјава има 364 основни училишта, од кои, според податоците со кои располага Министерството, 130 немаат спортска сала за реализација на наставата по предметот спорт и спортски активности.