Романија добива влада на десниот центар

NDREEA ALEXANDRU / MEDIAFAX FOTO

Три романски партии од десниот центар склучија во понеделникот договор за формирање нова влада којашто ќе ја води досегашниот 48-годишен министер за финансии Флорин-Василе К’цу, по изборите одржани на 6-ти декември.

Шефот на владејачките лиерали од NLP, Лудовик Орбан, изјави дека неговите партија сака Романија брзо да добие владата дкојашто ќе ги спроведе реформите и ќе на модернизира земјата.

„Сигурен сум дека ова ќе биде стабилна влада… посветена на интересите на граѓаните“, изјави К’цу, економист по занимање за кого романските медиуми истакнуваат дека докторирал во САД.

Романскиот претедател Клаус Јоханис подоцна во вторникот официјално ќе го именува либералот за мандатар, за овој да може да ја побара довербата од парламентот до крајот на годината.

Новата влада ја очекуваат многу предизвици, во прв ред започнувањето на вакцинацијата против коронавирусот, усвојување на буџетот за идната година и реформите за заживување на стопанството.

Либералите и нивните партнери USR-Plus и партијата на унгарското малцинство UDMR, имаат заедно 244 места од вкупно 465 мандати во двата дома на романскиот парламент. Исто така, ја имаат поддршката и на 18-те пратеници од другите малцинства.

На парламентарните избори победија опозициските социјалдемократи со тесно мнозинство, но не успеаја да најдат коалициски партнер со кој би составиле влада, па тоа мораа да им го препуштат на партиите од десниот центар.