
Специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина „Скин Солушн“, подарува 30 третмани Ултразвучна Мезотерапија за подобрување на кожата.
„Ние како специјалисти и естетски терапевти не сме директно вклучени во борбата против пандемијата, но имаме потреба да направиме нешто за сите тие жени здравствени работници од ковид болниците и амбулантите ширум Македонија.
Покренуваме АКЦИЈА #мојхерој и подаруваме 30 третмани Ултразвучна Мезотерапија за подобрување на кожата.
Со цел да се рашири нашата приказна и како би стигнала и до сите нив, потребни сте ни вие! Ве покануваме да одберете храбра жена здравствен работник од ковид болниците и амбулантите која ја познавате и се што е потребно да ни испратите во DM/ INBOX име, презиме, контакт телефон и место каде работи вашата хероина.
Првите 30 пријавени здравствени работници од црвените зони ќе добијат БЕСПЛАТЕН третман за ревитализација на лицето. Пријавувањето ќе трае до 30.12.2020.
Бидејки сме свесни дека сега се грижат за туѓите животи и лицето не им е приоритет, добитничките овој наш мал гест ќе можат да го искористат во било кој термин во 2021год.
Помогнете ни нашата добра намера и глас надалеку да се слушнат и споделувајте!
П.С. Би ни било драго оваа акција да ја поддржат и нашите колеги од естетската медицина, со здружени сили да покажеме вистинска солидарност!
Браво, Prive – Beauty Lounge
Благодарност за Prive – Beauty Lounge што ја поткренаа оваа иницијатива. Ординација Скин Солушн се приклучува кон овој убав гест со 30 третмани на хиалуронска мезопорација. Закажете го Вашиот херој во инбокс. Останете во добро здравје“.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3866341430077205&id=186984801346238