
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски одлучи да ја прифати понудата на Шкупи и да го засили тимот од Чаир кој имаше одлична полусезона во ПМЛФ а на пауза замина со освоеното второ место на табелата.
„Оваа екипа има амбиција да се бори за титулата, решеси секоја година е дел од европските купови, им дава шанса на млади играчи кои потоа може да изборат трансфер во посилните тимови во Европа“, изјави Трапановски откако го потпиша едногодишниот договор со Шкупи.