
Аргентина дала одобрување за употреба на руската вакцина против коронавирусот, јавува локалната телевизија Todo Noticias. Ова го потврди и Рускиот фонд за директни инвестиции, произведувач на руската вакцина. Аргентина претходно ја одобри употребата на вакцината на Фајзер.
Аргентина е прва латиноамериканска земја која и официјално ја одобри вакцината „Sputnjik V“. Вакцината официјално е одобрена за итна употреба врз основа на резултатите од третата фаза на клиничките тестирања спроведени во Русија и без дополнителни тестирања во Аргентина, се вели во соопштението на Рускиот фонд.
Според медиумите, во Москва веќе се наоѓа авион од Аргентина кој пристигнал по руските вакцини.