
Веќе со месеци, тие се една од најпопуларните двојки во Македонија.
Актерот и шоумен Игор Џамбазов и неговата партнерка, алпинистката Илина Арсова уживаат во својата љубов, а тоа е евидентно со секоја нивна објава на социјалните мрежи.
По неколку месеци љубов, Игор реши да ја запознае Илина со татко му, реномираниот композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов.
Игор ја сподели фотографијата направена на Водно и напиша:
Можеби ќе ве интересира
„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.
ФОТО: Инстаграм