
Прочуената американска воена академија Вест Поинт повторно ја потресува скандал за масовно мамење на испитите по математика кои поради пандемијата на коронавирусот пролетва биле спроведени преку интернет.
„Кадетот не лаже, тој не мами, не краде и не трпи да се случуваат такви работи“, стои во кодексот на воената академија сместена на брегот на реката Хадсон, северно од Њујорк.
Меѓутоа во мај 2020 година, кадетите овој кодекс сепак го прекршиле, и професорите испитувајќи ги на испитите по математика, кои поради пандемијата на коронавирусот биле спроведени онлајн, утврдиле бројни неправилноста и откриле голема измама.
„Кодексот на честа на Вест Поинт и програмата за развој на личноста и натаму се силни и покрај наставата на далечина и предизвиците од пандемијата“, тврди Кристофер Опхард, портпарол на акедемијата.
„Нема исклучоци и сите кандидати мора да одговорат за кршењ на кодексот“, додал Опхард.
На испитите мамеле 73 кадети и повеќето признале дека згрешиле, и сега го продолжуваат своето образование на академијата според специјалната програма за рехабилитазиција.
Станува збор за најголемот варање на испитите на Вест Поинт од 1976, кога истрагата опфатила 152 ученици поради мамење, и тогаш американската војска именувала специјална комисија која заклучила дека не биле почитивани правата на кадетите.
Основана во 1802 година, Академијата Вест Поинт има речиси 4.000 офицери од копнените војски кои учествуваат во четиригодишното образование. Учениците на академојата се обврзуваат на ангажман на пет години по добивањето на дипломата во замен за бесплатното школување коешто чини околу 225.000 долари.