Од заседа убиен авганистански активист

Авганистански активист за демократизирање на општеството, шеф на невладино здружение за набљудување на изборните процеси, е убиен во средата во главниот град Кабул од заседа, соопштија неговите соработници и полицијата.

Мохамед Јусуф Рашид, извршен директор на Авганистанскиот форум за слободни и честни избори (FEFA), го убиле вооружени мажи во јужниот дел од Кабул, кога со возило одел на работа.

„Беше тешко ранет и подоцна почина во билница“, изјави за AFP неговиот соработни Абдул Вахаб Каризада. Додал дека во нападот бил ранет и возачот на Рашид.

Портпаролот на кабулската полиција, Фердавс Фарамарз, ги потврдил околностите на убиството.

Здружението FEFA го основаше во 2004 година, Надер Надери, еден од актуелните преговарачи на авганистанската влада во преговорите со преставниците на радикалното исламистички движење Талибан, кои се водат во катарска Доха. Целта на организацијата е промовирање на демократијата и доброто управување.

Убиствата на политичари, активисти за заштита на човековите права и новинари последните месеци зачестија во Авганистан. Во вторникот во Кабул беа убиени четворица лекари кои работеле за затворските власти, а истовемрено во источниот град Газни од пиштол со придушувач бепе убиен познатиот новинар Раматула Некзад. Тој е седмиот новинар убиен годинава во Авганистан.