Пандов: На возачот кој дивееше во центарот на Скопје, треба да му се одземе возилото

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  и притоа се осврна и на инцидентот од средата кога возач, инаку познат по бројни кривични пријави, со луксузен автомобил „бентли“ дивееше во пешачата зона во центарот на Скопје.

„Внимателно ги слушав и (скопскиот градиначалник Петре) Шилегов и (министерот за внатрешни работи Оливер) Спасовски. Министерот Спасовски се жалеше дека таа е максималната казна којашто може да биде поднесена, а од друга страна Шилегов као адвокат веројатно настапи, од типот дека ќе се поднесе и друга кривична пријава“, истакна Пандов.

Додаде дека не е за поздравување тоа што некој си дозволил тоа да се случи во главниот град.

„Јас верувам во западна Европа на таков лик ќе му го одземат возилото“, нагласи Пандов. Пандов посочи дека тоа треба сега да го направи и власта.