
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои 9 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 9 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 6 санкции за непрописно престигнување, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 16 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.